I N T E R N A T I O N A L


ЕНЕРГИЈА * АКЦИЈА * СЛОБОДА  


                                Najcesto postavuvani prasanja        

Za kompanijata    



АФА алгата - чудесна храна

      Човековиот организам црпи енергија најмногу преку правилна исхрана, а тоа значи да се храни со :
            - одлично избалансирана храна, според хранливите состојки,
            - незагадена
            - нетоксична
            - природна без хемикалии.

      Според научните сознанија овие карактеристики ги содржи дивата кламатска AFA алга (Aphanizomenon Flos Aquae), или т.н. синозелена слатководна алга. Оваа алга, која според нутриционистите, биолозите, хомеопатите, лекарите се нарекува “ зелена храна” или “ храна на иднината”, човековиот организам ја искористува скоро целосно, зашто претставува природен извор на есенцијални аминокиселини, ензими, минерали, витамини, бета каротин, антиоксиданти, хлорофил и други драгоцени хранливи состојки.
      Најмала количина на АФА алгата како додаток на секојдневната исхрана има благотворен ефект на нашето здравје. Луѓето од целиот свет редовно ги вклучуваат алгите во својата прехрана.
      Алгите претставуваат најстара форма на живот, ја сочинуваат 80% од биомасата на земјината топка, го создаваат кислородот И претставуваат храна за сите жители на Земјата. Алгата ја има во сите води на Земјата И е најиздржливиот организам. За среќа, алгите како извор на храна се неисцрпни, а нивната експлоатација не ја загрозува еколошката рамнотежа.
      AFA-алгата расте во планинското езеро Горен Кламат (Орегон, САД) во близина на планинскиот врв Шаста (4317m); енергетски центар со планетарно значење, меѓу вулкански планини, на висорамнина со површина од 6000kmˆ2. Во езерото се влеваат седумнаесет чисти реки и геотермални извори, кои годишно нанесуваат 50 000 тони талог богат со минерали; затоа, езерото се смета за најбогато со минерални соли на Земјата и е едно од еколошки најчистите езера кое создава 10 000 тони микро алги (AFA - алги) секоја година.
      Основните карактеристики на AFA-алгата како храна за човекот се:
1. Исполнува со енергија - зашто езерото во кое растат е единствено според своите природни услови ( беспрекорно чисто, богато со минерали, на надморска висина од 4000 м) , овозможува да се создаде жив организам кој е синтеза на космичката со земјината енергија, или како што најчесто се вели алгите се “материјализирана сончева енергија”.
2. Го зголемува имунитетот - зашто има силно имуностимулативно дејство, а со неверојатно силното антиоксидантно својство ( содржи физиолошки активни состојки како фикопигменти, антиоксиданти, ензими, хлорофил итн. ) делува антиканцерогено и претставува природна заштита од радијација.
3. Го стимулира мозокот - зашто AFA алгата е еликсир за мозокот и супер гориво за нервниот систем; ги зајакнува умствените способности, ја зголемува меморијата, ги балансира левата и десната хемисфера на мозокот, ја засилува интуицијата, ги развива креативните способности, ја зголемува меморијата, ги балансира левата и десната хемисфера на мозокот, ја засилува интуицијата, ги развива креативните способности, го регулира сонот, со еден збор ги обновува мозочните клетки и ја олеснува меѓуклеточната размена.
4. Ја засилува крвта - зашто АФА-алгата е:
      - најбогат извор на железо и во тој однос многукратно го надминува месото без да ја содржи неговата токсичност. Железото од AFA алгата е во органска форма и лесно се апсорбира од човековиот организам;
      - исклучително богата со хлорофил; по структурата на молекулата алгата е слична на хемоглобинот во еритроцитите ( кои го пренесуваат кислородот ) и затоа ја нарекуваат “зелената крв на планетата”, хлорофилот учествува во создавањето на крвта и делува како јак биостимулатор со природно својство да го прочистува и регенерира организмот; праксата покажува дека AFA-алгата влијае неверојатно брзо на одредени анемични состојби;
      - исклучително богата со бета каротин (природен пигмент од кој во нашиот организам се создава витаминот А), услов за антиканцерогено и имуностимулативно дејство);
      - ги содржи скоро сите витамини во избалансирана состојба, посебно витаминот Б12 најзначајниот витамин во создавање на крвта. Докажано е дека во оваа алга има седум пати повеќе витамин B12 отколку во свежиот црн дроб; тоа е посебно значајно за вегетаријанците, кои ако конзумираат дури и мали количини AFA алга, заштитени се од анемија;
      - содржи богат спектар минерали (органски врзани): бор, калциум, хром, кобалт, бакар, железо, магнезиум, манган, калиум, фосфор, селен, натриум, сулфур, титан, ванадиум, цинк и др. затоа AFA-алгата во минералниот состав ги надминува сите други видови алги, па и самата детелина која се смета за најбогат извор на минерали;
      - AFA алгата е рекордер по белковини; профилот на амино-киселини од AFA е сличен со човековиот, а содржината на белковини е неколку пати поголема отколку во месото, сојата и другите традиционални извори на протеини; еден грам AFA алги содржи околу 60% протеини, кои 100% се усвојуваат и не ги оптоваруват пробавните органи
5. Дава убавина и подмладува - зашто , кога човековите клетки се добро нахранети и прочистени, виталноста на организмот е вратена, а тоа е услов за одличен изглед и голема енергија. Првите позитивни ефекти од хранење со AFA алга се: сјајна кожа, цврсти нокти и бујна коса.
6. Ги отстранува болестите од современиот начин на живеење - зашто:
      - го намалува холестеролот во крвта (содржи есенцијални масни киселини), - ја воспоставува идеалната тежина (нахранета клетка не чувствува глад, а со тоа се нормализира потребата за прекумерно внесување храна),
      - го прочистува дигестивниот систем и ја обновува флората во дигестивниот тракт (заради ензимите кои алгата ги содржи),
      - јакнејќи го имуниот систем AFA- алгата почнува да се користи во борбата против вирусот на СИДА, зашто клеточните микрофиламенти во AFA алгата содржат големо количество гликолипиди (според истражувањата спроведени во “Националниот институт за рак” и “Националниот институт за здравје- САД).
      Соочени со феноменот - AFA-алга на Кламатско Езеро можеме само да се восхитуваме на бескрајната мудрост на Природата која ја создала оваа космичка биолабараторија, за да ни помогне да го подобриме здравјето - и можеби да развиеме нов квалитет во живеењето, за оние кои имаат “очи да видат, уши да слушнат и ум да разберат”.

(извадок од месечниот билтен на AquaSource - Македонија)

КАРКТЕРИСТИЧЕН СОСТАВ НА AquaSource АЛГИТЕ

   
Klamatsko ezero    
Opsto za algite    
Za AFA algata    
Proizvodi    
Informacii plus
Iskustva    
Moznosti  
   
NovostiKontakt
   
 
 

Амино киселини

Витамини

Минерали

Есенцијални масни киселини

Ензими

Протеини, јаглени хидрати и протеини

AFA алга
(информации плус)

Пробиотици

Лесен почеток
(информации плус
)

Колктив
(информации плус
)

Суперантиоксиданс (информации плус)

CoQ10+хром+алги (информации плус)

Сино-зелени алги (AFA)

Колострум

Фото - П. Бараков

   


Аква Сорс консултант
за здравје

Елизабета Стајиќ
Аква Сорс
независен дистрибутер
дистрибутерски број
55000681
моб.: 070 918 448,
075 753 057
E-mail:
akvasors.algi@gmail.com
Skype: zdravje.ubavina

www.aquasourcealgi.8m.net

 

 

 

 

 

 

 


 
 

| За компанијата | Кламатско езеро | Општо за алгите  | За AFA алгата  |  Производи  | Порачки / ценовник |
 
| Информации плус 
|  Искуства  |  Можности | 
Станете Аквасорс дистрибутер  |  Новости  | 

|
Контакт  | Линкови | Почетна страна|


Дизајн Е.С. © 2001-2011. Елизабета Стајиќ ,  AquaSource - независен дистрибутер. Сите права задржани.
За коментар и прашања
контакт
За евентуални пропусти и грешки во сајтот, прашања или сугестии
E-mail