I N T E R N A T I O N A L


ЕНЕРГИЈА * АКЦИЈА * СЛОБОДА  


                                Najcesto postavuvani prasanja        

Za kompanijata    


 

МОЌЕН АНТИОКСИДАНТ -
“ AquaSource Супер Антиоксидант со Pycnogenol™”

           Антиоксиданси се соединенија што ја штитат клетката од разорното дејство на реактивните типови на кислородот. Нарушениот баланс помеѓу антиоксидансите и споменатиот кислород води кон оксидативен стрес и предизвикува уништување на клетката. Оксидативниот стрес може да биде поврзан со канцер, стареење, атеросклероза, воспаленија и неуродегенеративни болести (Паркинсонова и Алцхајмерова).
           Најопшто познати антиоксиданти се витамините A, C, и E; бета каротин и селен. Но, континуираната појава на стресни ситуации, загадувања на околината и во денешното модерно време со развојот на прехрамбената индустрија, во процесите на производтво на храна се уништуваат антиоксидансите. Од штетните влијанија од околината битно е да се спомене и УВ зрачењето, што може да придонесе до различни дерматолошки ефекти кај човекот, вклучувајќи појава на црвенило, фотосензитивност, имунолошки промени, стареење на кожата и предиспозиции за појава на рак на кожата.
           На ваков начин организмот станува поосетлив на болести и пореметувања. Поради тоа организмот има крајни потешкотии во создавањето и одржувањето на одредено ниво на антиоксиданси во организмот, потребни за борба против загадувањата.
Флавоноидите можат да помогнат во заштитата против болестите во комбинација со антиоксидантни витамини и ензими, учествувајќи во комплетниот одбрамбен систем на организмот.
           AquaSource Супер Антиоксидант со Pycnogenol™ во својот состав содржи комбинаија од повеќе состојки со антиоксидативно дејство како Pycnogenol™, пченични 'ркулци, зелен чај, боровинки, гинко, бета-каротин, AFA алга и црвена алга Dunaliella salina (со голема содржина на бета-каротин). Комбиниран производ со широк спектар и универзално дејство, секогаш има предност, особено ако доволно не се води сметка за исхраната. Поради состојките што ги содржи Суперантиоксидант со Пѕцногенол™, производот е навистина извонреден.
           Pycnogenol™ е трговско име на патентиран екстракт од кора од бор. Станува збор за природен растителен екстракт добиен од кората на Европски крајбрежен бор, Пинус Маритима. Тој е најјак антиоксиданс и дејствува како заштитник на организмот од штетното влијание на токсините и загадувањата од нашата околина. Истражувањата покажале дека Pycnogenol™ -от е 50 пати појак од витамин Е и 20 пати појак од витамин C. Тој многу брзо се абсорбира во гастоинтестиналниот тракт како резултат на неговата одлична растворливост во водата, и се дистрибуира низ организмот (за 20 минути). Пѕцногенол-от исто така го олеснува активниот транспорт на витаминот C внесен во организмот за негова максимална искористеност и дејство на потребните места. Содржината од Пѕцногенол-от, многу брзо ги “поправа” клеточните мембрани на вените, капиларите и сврзните ткива (колагенот), каде што има стабилизирачки ефект на мембраните. Еве некои од својствата и дејствата на Пѕцногенол-от.

                       Го намалува стресот

                       Намалува алергиски реакции

                       Го подобрува изгледот на кожата, таа станува понежна и еластична,
                         ја штити од стареење

                       Влијае позитивно во случаи со кожни пореметувања, такви како егзема.

                       Го заштитува организмот од штетното влијание од УВ зрачењето

                       Го намалува ризикот од срцеви заболувања

                       Има општо антивоспалително дејство и познат е како зајакнувач на
                         имунитетот

                       Го подобрува видот и меморијата

                       Ги зајакнува крвните садови, ја подобрува крвната циркулација

Да се запознаеме и со карактеристиките и дејствата на останатите составни компоненти во нашиот производ:
           Зелениот чај има доста обемна содржина супстанции т.н. полифеноли, кои имаат јако антиоксидантно, антиканцерогено, и антитуморно дејство, а докажано е дека има дури и антибиотски својства.
           Гинко Билоба - ова орнаментално дрво, карактеристично за ориентот, денес во светот се култивира не само заради неговата убавина, туку и поради неговата отпорност на болести и загадување, како и поради неговата медицинска вредност. Во неговите листови има две главни состојки флавоноиди и терпенски лактони. Различни флавоноиди се одговорни за извонредното антиоксидантно дејство и отстранување на слободните радикали. Позитивни клинички резултати се забележани за краткотрајна меморија, ѕвонење во ушите, вртоглавица, концентрација, импотенција, алергија и астма. Гинко исто така има значајни ефекти на циркулаторниот и нервниот систем, а ја зголемува и енергијата.
           Бета-каротин, понекогаш именуван како про-витамин А, затоа што е претходник на витамин А. Каротин спаѓа во групата состојки наречени каротеноиди. Тие воглавно се одговорни за жолто-оранж пигментација на многу плодови од овошјето и зеленчукот, како кај морковот, доматот, тиквата и кајсијата. Како антиоксидантс има способност да го намалува ризикот за одредени типови на канцер, заштита од катаракта, го зајакнува имуниот систем и го намалува ризикот од настанување на срцеви болести.
           Пченични 'ркулци - помагаат за одржување на здравјето на кардиоваскуларниот систем, при дијабетес, за меморија, за одржување на здрав мозочен и нервен систем и во случаи на остеопороза.
           AFA алга и црвена алга Дуналиелла салина (со голема содржина на бета-каротин) и есенцијални амино-киселини во форма на гликопротеини - воспоставуваат рамнотежа во организмот и воедно го хранат. Имаат јако антиоксидантно и имуностимулативно дејство.
           Дали мора да користиме антиоксиданси?
Се разбира, да! Секојдневно во нашиот организам под влијание на штетните фактори неконтролирано се создаваат материи што ги оштетуваат клетките. Со текот на времето и стареењето организмот произведува се помалку природни антиоксиданси кои ги држат под контрола деструктивните молекули. Така здравјето се повеќе се нарушува и процесот на стареење се забрзува, а организмот станува поосетлив на заболувања и дегенеративни промени.
           Бидете здрави, останете млади, убави и привлечни со нашиот извонреден Аква Сорс производ Суперантиоксидант со Pycnogenol™ .

Светлана Стајиќ - проф. дипл. инж. биолог

| За компанијата | Кламатско езеро | Општо за алгите  | За AFA алгата  |  Производи  | Порачки / ценовник |
 
| Информации плус 
|  Искуства  |  Можности | 
Станете Аквасорс дистрибутер  |  Новости  | 

|
Контакт  | Линкови | Почетна страна|


Дизајн Е.С. © 2001-2011. Елизабета Стајиќ ,  AquaSource - независен дистрибутер. Сите права задржани.
За коментар и прашања
контакт
За евентуални пропусти и грешки во сајтот, прашања или сугестии
E-mail

   
Klamatsko ezero    
Opsto za algite    
Za AFA algata    
Proizvodi    
Informacii plus
Iskustva    
Moznosti  
   
NovostiKontakt
   
 
 

Амино киселини

Витамини

Минерали

Есенцијални масни киселини

Ензими

Протеини, јаглени хидрати и протеини

AFA алга
(информации плус)

Пробиотици

Лесен почеток
(информации плус
)

Колaктив
(информации плус
)

Суперантиоксиданс (информации плус)

CoQ10+хром+алги (информации плус)

Сино-зелени алги (AFA)

Колострум

Фото - П. Бараков

   

 

Аква Сорс консултант за здравје

Елизабета Стајиќ
Аква Сорс
независен дистрибутер
дистрибутерски број
55000681
моб.: 070 918 448,
075 753 057
E-mail:
akvasors.algi@gmail.com
Skype: zdravje.ubavina

www.aquasourcealgi.8m.net