|
|
|
ПРОБИОТИЦИ
- ACIDOPHILUS И BIFIDUS -
ПРИЈАТЕЛСКИ БАКТЕРИИ НА ОРГАНИЗМОТ
Функцијата и состојбата на гастроинтестиналниот тракт е основа за благосостојба на организмот. Интересен податок е тоа што во текот на просечниот нормален живот низ овој систем поминуваат околу 60 тони храна. Интестиналната микрофлора присутна во човековиот организам е од големо значење, првенствено во зголемување на отпорноста и заштита од прекумерно размножување на веќе присутни потенцијално патогени бактерии. Составот на гастроинтестиналната флора варира кај различни индивидуи, а исто така и кај иста индивидуа во текот на животот. Многу фактори такви како исхраната, климата, географската локација, стареењето, медикаментозната терапија (особено со антибиотици), потоа појавата на заболувања, стресни состојби проследени со нарушување на Пх вредноста, инфекции, можат да го нарушат нормалниот баланс.
Интеракции на типични интестинални (цревни) бактерии исто така можат да придонесат за стабилизација или дестабилизација. Баланс состојбата на микробната популација со гастроинтестиналниот тракт е означена како “еубиоза”, додека нарушениот баланс е означен како “дисбиоза”. Со терминот пробиотици наједноставно се означуваат “пријателски” бактерии или поинаку кажано корисни бактерии за организмот. Во оптимално “нарушување на балансот на флората” учествуваат пријателските бактерии такви како грам-позитивните Lactobacili и Bifidus кои во нормални услови би требало да предоминираат претставувајќи бариера за инвазија на други микроорганизми. Кај здрав човеков организам околу 85% од интестиналната микрофлора отпаѓа на пријателски бактерии а 15 % на штетни бактерии. Употребата на Lactobacilus и Bifidus претставува најприроден и најсигурен пристап за зачувување на овој баланс.
Lactobacili се присутни во гастроинтестиналниот тракт кај здрав човеков организам. Тие се непатогени и низ вековите се користени за производство на ферментирана храна. Ја намалуваат Пх вредноста во нивната околина во која се наоѓаат со продуцирање на млечна киселина, која го инхибира размножувањето на некои патогени микроорганизми.
Пробиотикот Lactobacilus acidophilus е многу важен додаток на исхраната за регулација и здрав дигестивен тракт.
Acidophilus е основен за синтезата и асимилацијата на потребни витамини во интестиналниот тракт. Познато е дека помага во елиминирање на токсини и штетни материи што се внесуваат со храната и во елиминирање на бактерии што се причинители на болести. Оваа бактерија потпомага да се одржи нормалната Пх киселост во цревниот систем и е една од бариерите за превенција од настанување на улкуси. Влијае на подобрување на состојбите кај хронични дигестивни проблеми вклучувајќи опстипација и дијареа (проливи). Има голем улога во спречување на прекумерно размножување на Candida albicans и други причинители на болести со одржување на нормална рамнотежа.
Lactobacilus acidophilus е пронајден во јогурт, се претпоставува дека е одговорен за долговечноста на некои источни Европејци кои традиционално конзумираат јогурт како главен хранлив производ. Продуцира метаболити инхибитори или антагонисти на домашната микрофлора. Се прилепува на мукозната површина на гастро - интестиналниот тракт - во превенција да не биде испрана и отстранета со цревната перисталтика (движење на цревните ресички). Оваа бактерија го потпомага лекувањето на акни, бактериски инфекции, синдром на хроничен замор, рак на дебелото црево, најбанални настинки,опстипација.
Bifidus е природен жител на дебелото црево што ја потпомага абсорпцијата на вода од храната и преработката на останатите отпадоци. Пријателската цревна флора во дебелото црево може да помогне во инхибиција на создавање гасови и надуеност. Тоа потпомага повторно населување на дебелото црево со пријателски бактерии, подржувајќи здрава околина што е потребна за делотворно функционирање на системот.Учествува во намалувањето на Пх вредноста (зголемување на киселоста) во цревата, произведува специфични Б -витамини и ја потпомага имуната функција. Исто така создава погодна средина за размножување на “пријателски бактерии” и овозможува нормално цревно движење за да го помогне елиминирањето на токсините од системот.
Современиот начин на живот и забрзаната активност допринесуваат за неправилна исхрана. Исто така користењето на антибиотици и друга медикаментозна терапија со своето наталожување имаат свое негативно дејство во организмот.
Lactobacilus и Bifidus се дел од програмата “Лесен Почеток”. Тие се исклучително погодни за целосно прочистување на организмот од постоечките и подолго време натрупани токсини и отпадни материи. Значи тие се извонреден регенерациски и прочистувачки фактор. Затоа прочистениот организам со овие пробиотици е припремен за користење на ензимскиот препарат како припрема на организмот за правилна дигестија. Вака физиолошки е припремен организмот за асимилација на AFA алгите. Целиот комплет производи од програмата “Лесен Почеток” (пробиотици, AFA_алги и ензими), овозможуваат подобрување на основните физиолошки функции.
Користете ги заедно, бидејќи така нивното дејство е посилно и поефективно.
Светлана Стајиќ - проф. дипл. инж. биолог
| За компанијата | Кламатско езеро | Општо за алгите | За AFA алгата | Производи | Порачки / ценовник |
| Информации плус | Искуства | Можности | Станете Аквасорс дистрибутер | Новости |
|
Контакт
|
Линкови |
Почетна страна |
Дизајн Е.С.
© 2001-2011. Елизабета Стајиќ , AquaSource - независен дистрибутер. Сите права задржани.
За коментар и прашања
контакт
За евентуални пропусти и грешки во сајтот, прашања или сугестии
E-mail |
|
|