I N T E R N A T I O N A L


ЕНЕРГИЈА * АКЦИЈА * СЛОБОДА


                                Najcesto postavuvani prasanja        

Za kompanijata    

( Извадок од месечниот билтен на Аква Сорс во Македонија од април 2001 година, билтен бр.14 )

ЕСЕНЦИЈАЛНИ МАСНИ КИСЕЛИНИ

      Масните киселини се основни градивни компоненти од кои се составени мастите и маслата и претставуваат есенцијални (важни) нутриенти, исто како витамините и минералите. Првпат биле откриени во 1930 година. Во 1950 година биле наречени витамин F (незаситени масни киселини - линолна, линоленска и арахидонска). Но, во 1970-те и 1980-те години, истражувачите собрале доказен материјал со кој ја подржале теоријата дека ние луѓето, не можеме да опстанеме без овие “масни витамини”. Тие исто така откриле дека недостатокот од ЕМК-ни изобилува кај општата популација, но симптомите честопати се недијагностицирани. ЕМК-ни, невозможно е да се набават во оптимални количини од општите извори на храна. Бидејќи се многу важен дел од исхраната, нивниот недостаток може да доведе до појава на артритис, артериосклероза, дијабетес, канцер(рак), имуна нефункционалност и други болести кои се тесно поврзани со забрзано стареење.
      Неопходни се за здравјето, и оние што не можат да бидат создадени во организмот, наречени се есенцијални масни киселини (ЕМК-ни). Иако некои веруваат дека мастите се штетни, сепак тие му се потребни на нашиот организам, но мора да бидат од вистинскиот вид. Познати се уште како полунезаситени ЕМК-ни и мора да бидат внесени преку исхраната.
      Имаат фантастично дејство на многу нарушувања. Превентивно помагаат кај артритис, ја подобруваат кожата и косата, го намалуваат крвниот притисок, снижуваат ниво на холестерол и триглицериди и го намалуваат ризикот од згрутчувањето на крвта. Дејствуваат на Цандида, кардиоваскуларна болест, егзема и псоријаза. Потребни се за нормално функционирање на мозокот и помагаат во пренесувањето на нервните импулси. Секоја жива клетка во организмот има потреба од ЕМК-ни. Тие се есенцијални за доградување и создавање на нови клетки. Исто така, користени се од организмот за продукција на клеточни мембрани и простагландини - хормонски супстанции кои дејствуваат како хемиски супстанции и регулатори на различни процеси во организмот. Простагландините вршат силна контрола преку широк спектар од основни физички процеси, вклучувајќи ја срцевата работа, згрутчувањето на крвта, крвниот притисок, забременувањето и плодноста. Без оптимално поправање на клеточната мембрана и синтетизирање на простагландин, обновата не би била комплетна. Клеточните мембрани делуваат како одбрамбени заштитници за сите клетки, како и за индивидуалните структури (органели), во нивната внатрешност. Тие константно се напаѓани од слободните радикали и така оштетените мембрани имаат тешкотии со пропуштање на нутриентите и отстранувањето на отпадни материи. Всушност, ги зголемуваат порите. Нивната рецепторна страна не функционира, така да ензимите не можат да се “укотват” во клетките и да ги извршуваат нивните важни функции. Целокупната штета на клеточните мембрани го поткопува здравјето на клетките и го забрзува стареењето. За да клетките си ги поправат штетите на своите мембрани потребни им се ЕМК-ни кои се добиени од ладно-цедени масла.
      Кога ЕМК-ни се во слаб довод, Вашиот имун систем страда највеќе. Тоа се случува, бидејќи имуните клетки не можат подолго да ги вршат своите работи. Многу општи здравствени проблеми, како што се алергиите, инфекциите, автоимуните заболувања, канцер (рак), всушност се актуелни манифестации од имуната штета која настанува како резултат од хронично исцрпување на ЕМК-ни. Од друга страна, оптималниот прилив на ЕМК-ни гарантира дека имуните клетки не само што опстануваат, туку и се развиваат. Со цврсти мембрани, клетките можат без страв да водат војна против слободните радикали, микроорганизмите, алергиите и токсините. Така тие подобро се борат против воспаленијата и се поефективни против состојбите како што се алергискиот синуситис и бронхитис, артритис и астма.
       Омега-3 ЕМК-ни ги вклучуваат алфа-линоленската киселина (АЛК), еикозапентаеноинска киселина (EPA) и докозахексаеноинска киселина (DHA). Најдени се во свежи риби од длабоките води, рибино масло и познати растителни масла, меѓу кои спаѓаат масло од канола, масло од лен и масло од ореви.
       (EPA) помага да тромбоцитите во крвта постануваат помалку лепливи и на тој начин да спречи создавање на крвни грутчиња (тромби) кои доведуваат до срцев удар.
      (DHA) може да помогне да се стабилизира ритамот на срцето кај луѓе кои закрепнуваат од срцев удар. Исто така може да помогне за регулирање на функциите на клеточната мембрана кои се вклучени во пренесување на сигнали преку мозочните клетки.
      Омега-6 ЕМК-ни, кои ги содржат линолна киселина (ЛК) , гама-линоленската киселина (ГЛК) и арахидонската киселина (АК), најдени се во сирово костенливо овошје (ореви, лешници и бадеми), семиња и мешункасти плодови и незаситени растителни масла, како што е маслото од бориџ, масло од семки од грозје, масло од јаглика и масло од плодот на соја.
      Топлината ги уништува ЕМК-ни. Тие треба да бидат ладно цедени масла. Само такви се корисни за нашиот организам. Од друга страна, загреаните масла овозможуваат создавање на опасни слободни радикали, кои предизвикуваат штети на клеточната мембрана. Ако маслата се хидрогенизирани (процес кој ги прави маслата поцврсти, при производство на маргарин), линолната киселина (ЛК) е претворена во транс-масни киселини, кои не се погодни за организмот. Најесенцијална од ЕМК-ни е (ЛК), а со неа најбогато е лененовото масло.
      Масните киселини се содржат и во АФА алгите.
      Ако во организмот е доволно внесена линолната киселина, линоленската и арахидонската можат да бидат синтетизирани.
      При зголемено внесување на јагленохидрати во Вашиот организам, потребно е повеќе да внесувате витамин F.
      Искористете го фантастичното дејство на ЕМК-ни кои се битни за основните животни функции во организмот.

автор: Елизабета Стајиќ



   
Klamatsko ezero    
Opsto za algite    
Za AFA algata    
Proizvodi    
Informacii plus
Iskustva    
Moznosti  
   
NovostiKontakt
   
 
 

Амино киселини

Витамини

Минерали

Есенцијални масни киселини

Ензими

Протеини, јаглени хидрати и протеини

AFA алга
(информации плус)

Пробиотици

Лесен почеток
(информации плус
)

Колктив
(информации плус
)

Суперантиоксиданс (информации плус)

CoQ10+хром+алги (информации плус)

Сино-зелени алги (AFA)

Колострум

Фото - П. Бараков
 

   


 

Аква Сорс консултант
за здравје

Елизабета Стајиќ
Аква Сорс
независен дистрибутер
дистрибутерски број
55000681
моб.: 070 918 448,
075 753 057
E-mail:
akvasors.algi@gmail.com
Skype: zdravje.ubavina

www.aquasourcealgi.8m.net

 

 

 

 

 

 

 


 
 

| За компанијата | Кламатско езеро | Општо за алгите  | За AFA алгата  |  Производи  | Порачки / ценовник |
 
| Информации плус 
|  Искуства  |  Можности | 
Станете Аквасорс дистрибутер  |  Новости  | 

|
Контакт  | Линкови | Почетна страна|


Дизајн Е.С. © 2001-2014. Елизабета Стајиќ ,  AquaSource - независен дистрибутер. Сите права задржани.
За коментар и прашања
контакт
За евентуални пропусти и грешки во сајтот, прашања или сугестии
E-mail