I N T E R N A T I O N A L


ЕНЕРГИЈА * АКЦИЈА * СЛОБОДА  


                                Najcesto postavuvani prasanja        

Za kompanijata    

( Извадок од месечниот билтен на Аква Сорс во Македонија од март 2001 година, билтен бр.13 )

МИНЕРАЛИТЕ - ОСНОВНИ ДВИГАТЕЛИ НА ЖИВОТНИТЕ ПРОЦЕСИ ВО ОРГАНИЗМОТ
                                  МИНЕРАЛИ ШТО СЕ СОДРЖАТ ВО 1g AFA АЛГИ
БОР                       11.10 mg ЈОДНИ КОМПЛЕКСИ   0.33 µg СЕЛЕН                 0.38 µg
КАЛЦИУМ               28.00 mg ЖЕЛЕЗО                  4.20 mg СИЛИЦИУМ          1.19 mg
ХЛОР                   638.00 µg МАНГАН                 23.20 µg НАТРИУМ             1.80 mg
КОБАЛТ                   1.10 µg МАГНЕЗИУМ             1.80 mg КАЛАЈ               < 0.10 µg
БАКАР                     4.80 µg МОЛИБДЕН              5.00 µg ТИТАН               18.90 µg 
ХРОМ                      0.13 µg НИКЕЛ                    3.90 µg ВАНАДИУМ            1.00 µg
ФЛУОР                   45.20 µg ФОСФАТИ               6.40 mg ЦИНК                  23.80 µg
ГЕРМАНИУМ            0.19 µg  КАЛИУМ                17.70 mg  

             За да се одржи оганизмот во нормална функционална состојба потребни се околу 18 познати минерали.
      Активни минерали во нашиот организам се: калциум, калиум, натриум, железо, бакар, цинк, магнезиум, манган, хлор, селен, флуор, кобалт, јод, флуор, молибден, натриум, сулфур и ванадиум.
      Порано, човекот верувал дека универзумот е изграден од четири основни елементи - земја, воздух, вода и оган. Меѓутоа, последните научни истажувања покажуваат листа на повеќе од 106 хемиски елементи. Овие елементи се воглавно составни компоненти на гасови и минерали - најосновни супстанции кои влегуваат во листата на составни делови на универзумот.
      Нашиот организам се состои од овие исти елементи. Важно е да се напомене дека нашиот организам не може да ги создаде овие елементи - тие мора да се внесуваат. Ние постојано конзумираме храна, дишеме, внесуваме течности во организмот и на тој начин низ сите овие процеси и активности на организмот, се внесуваат овие елементи кои се основа на одржување на животот, растењето, регенерацијата и одржување на здравјето. Организмот има способност да ги искористи истите за потребите на сите физиолошки функции. Се поставува прашање, дали конзумираме во доволна мера од овие елементи во количини што му се потребни на организмот? На пример, знаеме дека организмот користи кислород при дишење, неопходен за опстанокот. Ако количеството на кислород падне на многу ниски вредности под оптималните, може да се јават посебни ефекти со оштетување на мозокот, нервниот систем или пак во краен случај организмот да заврши летално.
      Организмот мора да има соодветно снабдување со минерали за да го одржи балансот помеѓу внатрешниот и надворешниот притисок на клетките т.н. осмотски притисок. Ова е потребно за одржување на нормална клеточна функција. Сите нутриенти што ги внесуваме во организмот како јаглени хидрати, липиди, протеини, витамини, амино киселини, ензими, итн. за да ја изразат својата активност низ биохемиските процеси имаат потреба од минерали. Колоидните минерали во траги имаат поголемо значење од витамините затоа што витамините можат да бидат синтетизирани, а минералите не можат. Меѓутоа, витамините не можат да ја изразат својата активност без присуство на минерали. Минералите се катализатори на биохемиската активност на ензимите. Хелатизирани минерали, комбинирани со ензимите даваат една алкална супстанција која ги неутрализира киселините што се јавуваат како меѓупродукти на биохемиските метаболички процеси, исто така неутрализира некои токсини и така ги припрема за елиминирање од организмот. Хормоналната секреција, потоа Ph киселоста на ткивните течности зависи од присуство на минералите.
      Сите елементи функционираат заедно во една целина. Доколку се јави недостиг на само еден минерал во организмот, тогаш доаѓа до нарушување на внатрешната рамнотежа во организмот. При повеќе болести како астма, псоријаза, егземи, дијабетес, епилепсија, артритис, ментални болести - се јавува недостиг на минералите поради разни фактори.
      Дното на Кламатското езеро е прекриено со талог од минерали чија дебелина изнесува 10 метри и претставува најбогато природно езеро со минерали на планетата Земја.
      Ќе Ви ги потенцирам дејствата на минералите, кои спрема содржината во 1g AFA алги, најмногу одговараат на дневните потреби на еден просечен човечки организам.
      БОР - помага за одржување на рамнотежа на калциум, во зачувување на здравјето на клетките, превентивно од остеопороза, игра улога во хипертензија и артритис и тоа како сооднос до метаболизам на калциум.
Дозирање : (3-5) mg дневно.
      КОБАЛТ - претставува минерал кој е составен дел од витаминот B12 , важен е за клетките на црвените крвни зрнца, спречува анемија. Мора да се добива од прехранбени производи.
Дозирање : < 8 μg дневно.
      КАЛИУМ - заедно со натриумот делува во регулирањето на водениот биланс во организмот и во нормализирање на ритамот и работата на срцето (калиумот делува внатре во клетките, а натриумот надвор од нив). Кога ќе се поремети рамнотежата натриум-калиум, страдаат функциите на нервите и мускулите. Хипогликемија (ниско ниво на шеќер во крвта) - предизвикува губиток на калиум, исто како и долготраен пост или силен пролив. Менталниот и физичкиот стрес може да доведе до недостаток од калиум. Допринесува за јасно мислење, испраќајќи кислород во мозокот. Го потпомага исфрлањето на отпадни материи од организмот. Помага за снижување на крвниот притисок и во лекување на алергии. Од 1.875mg до 5.625mg дневна доза за возрасни е доволна за одржување на добро здравје .
      Минералите во составот на AFA алгата ќе Ви помогнат да го прочистите организмот од токсини и непотребни продукти, а воедно ќе Ви помогнат за зачувување на Вашето здравје. Конзумирајте AFA алги!

автор: Елизабета Стајиќ



   
Klamatsko ezero    
Opsto za algite    
Za AFA algata    
Proizvodi    
Informacii plus
Iskustva    
Moznosti  
   
NovostiKontakt
   
 
 

Амино киселини

Витамини

Минерали

Есенцијални масни киселини

Ензими

Протеини, јаглени хидрати и протеини

AFA алга
(информации плус)

Пробиотици

Лесен почеток
(информации плус
)

Колктив
(информации плус
)

Суперантиоксиданс (информации плус)

CoQ10+хром+алги (информации плус)

Сино-зелени алги (AFA)

Колострум

Фото - П. Бараков
 

   


Аква Сорс консултант
за здравје

Елизабета Стајиќ
Аква Сорс
независен дистрибутер
дистрибутерски број
55000681
моб.: 070 918 448,
075 753 057
E-mail:
akvasors.algi@gmail.com
Skype: zdravje.ubavina

www.aquasourcealgi.8m.net

 

 

 

 

 

 

 


 
 

| За компанијата | Кламатско езеро | Општо за алгите  | За AFA алгата  |  Производи  | Порачки / ценовник |
 
| Информации плус 
|  Искуства  |  Можности | 
Станете Аквасорс дистрибутер  |  Новости  | 

|
Контакт  | Линкови | Почетна страна|


Дизајн Е.С. © 2001-2014. Елизабета Стајиќ ,  AquaSource - независен дистрибутер. Сите права задржани.
За коментар и прашања
контакт
За евентуални пропусти и грешки во сајтот, прашања или сугестии
E-mail