I N T E R N A T I O N A L


ЕНЕРГИЈА * АКЦИЈА * СЛОБОДА  


                                Najcesto postavuvani prasanja        

Za kompanijata    



Сино - зелени алги

СИНО - ЗЕЛЕНИ АЛГИ -
APHANIZOMENON FLOS AQUAE (AFA)
Светлана Стајиќ - проф . дипл . инж . биолог - Природа и здравје , бр .8, 2005

      
Алгите се одговорни за 90% од вкупната количина на кислород на Земјата и 80% од вкупото снабдување со храна. Најинтересни од алгите се сино - зелените алги. Тие се помеѓу најпримитивните живи организми на Земјата и се наоѓаат во основата во синџирот на исхраната. Иако технички се класифицирани како бактерии, тие имаат карактеристики и на бактерии и на растенија. Познати се и како фитопланктон. Тие содржат многу биолошки активни супстанции со позитивни ефекти за здравјето на човекот. Можеби најинтересни од фамилијата на алгите се сино - зелените алги, од кои има околу 1500 вида, а AFA алгата, Aphanizomenon Flos Aquae жнеена од Горно Кламатско Езеро е една од нив. AFA е посебно специјален вид на алги. Кај научниот свет позната е како Cianobacteria. Aphanizomenon Flos Aquaeе филаментозна слатководна сино - зелена микроалга и расте диво во Горно Кламатско езеро во Јужен Орегон (САД) во близина на врвот Шаста - 4317m, во чиста незагадена средина БЕЗ присуство на бактерии, тешки метали, пестициди, хербициди, инсектициди, фунгициди, ... Тоа е еутрофно езеро и има големи количини микроалги. Целокупната храна ја рефлектира околината во која тие растат. Прекрасното незагадено Горно Кламатско Езеро, едно од неколкуте останати алкални езера на планетата, го држи клучот на огромниот потенцијал на алгите. AFA алгите, Aphanizomenon Flos Aquae растат природно под одлични надворешни услови во изворска вода која е екстремно богата со минерални нутриенти во големи количини, расположени на вулкански карпи. Езерото има извонредно висока минерална концентрација како резултат на масивна вулканска ерупција што настанала во околната средина пред околу 7000 години, прекривајќи ја околината со милиони тони минерален пепел. Ова езеро е едно од најчистите езера во Северна Америка. Лоцирано е на 1400 метри над нивото на морето помеѓу вулканскиот пејсаж и се снабдува со 17 реки и потоци од блискиот Национален Парк Кратерно Езеро. Вулканското земјиште екстремно богато со минерали, нуди идеални нутриенти, и приближно 300 сончеви денови годишно овозможуваат снабдување на AFA алгата со интензивна сончева светлосна енергија потребна за фотосинтетските процеси.
       Постојат интересни научни и археолошки индикации дека во текот на првите 30 000 години од егзистенцијата на хуманата популација алгите биле значаен извор на храна. Цивилизацијата на Ацтеките од древното Мексико ги користела и препорачувала алгите од нивните езера. Алгите често биле мешани со пченка за добивање на хранлив оброк.             Постојат историски записи дека Инките од Јужна Америка ги жнееле и консумирале алгите во свежа форма. И до ден денес Канембус племето сеуште јадат алги од езерото Чад во Африка, како што правеле и нивните предци. Децата од ова племе кои јадат алги не покажуваат знаци на малнутриција, за разлика од лицата кои не конзумираат алги кај кои се забележуваат различни степени на малнутрициони состојби. Кинеските хербалисти ги користат алгите при третирање на дефицит од минерали и витамини. На Далекиот Исток алгите медицински се познати за подобрување на дигестијата.
       Алгите постојат на Земјата многу подолго отколку луѓето, всушност тие се иницијална форма на животот на Земјата. Пред настанокот на алгите, Земјата била исполнета само со отровни гасови и слободен кислород. Алгите го помогнале процесот на создавање на природна средина за анималниот живот, користејќи ја енергијата од сонцето да ги разложи молекулите на водата комбинирајќи го водородниот дел со јаглерод диоксид. Оваа биохемиска реакција им овозможила на алгите да ја креираат нивната сопствена храна од околните гасови и минерали. Кислородниот дел од водената молекула бил ослободен во атмосферата како секундарен продукт, давајќи основа за целокупниот живот на Земјата . За растење алгите имаат потреба само од минерали, вода и сончева светлина. Денес овие значајни форми на живот овозможуваат 80% од природното снабдување со храна и 90 % од целокупната продукција на кислород на Земјата. Доколку не би постоеле алгите, животот на Земјата како што ние го знаеме не би постоел.
       Фосилните записи покажуваат дека сино - зелените алги се најпримитивните од сите алги датирајќи уште од пред четири милијарди години. Овие алги издржале додека илјадниции други растителни и животински видови изумреле. Сино - зелените алги се пионери на опстанокот, брзо менувајќи се и адаптирајќи се на светлосни услови, температура, физички и хемиски промени што ги диктира околината. Биолошката информација која алгите рутински ја научиле е онаа информација што му е потребна на човекот за да преживее. На пример може да се потребни милиони години за развој на генетската информација за адаптирање на екстремна радијација, сино - зелените алги би се адаптирале за само неколку месеци. Кога ги конзумираме алгите ние имаме пристап до таква информација и сознание за адаптација на нашата околина.
       AFA алгите се познати по нивното изобилство на минерали и витамини. Сино-зелените микро-алги се посебно извонредни поради нивната висока пропорција на висококвалитетни протеини, со содржина дури до 70%. т.н. “мрежна протеинска утилизација” на AFA алгите, која информира која големина на аминокиселини можат да бидат асимилирани од човечкиот организам, е многу поголема од онаа кај останатите алги. Сите аминокиселини што се содржат во зеленчукот и анималната храна немаат иста биорасположливост, како онаа кај AFA алгите, која просечно е 98%. Мали по големина, со ниска молекулска тежина, како и отсуство на конекција со целулоза ( како што е случај со други растенија ), ги прави аминокиселините на AFA алгите идеални за лесна дигестија и физичка утилизација. По конзумирањето протеините се разложуваат на аминокиселини кои можат да бидат абсорбирани од човечкиот организам без некоја поголема количина на енергија. Аминокиселинскиот спектар на оваа “зелена суперхрана” е оптимален на таков степен што е исто така наречена “ најкомплетна храна за мозокот на светот ” и последователно станува надеж за многу луѓе со мозочни проблеми. AFA алгите се асимилираат во организмот околу 98%. Тоа значи дека организмот алгите ги препознава како храна, ги абсорбира со поголема ефикасност и брзина во споредба со други природни или неприродни супстанции. Вака, дури и ако кај одреден организам постои пореметување во системот за внатрешна апсорпција, алгите имаат таква биолошка моќ за асимилација да реалните бенефиции можат да бидат постигнат, па така сино - зелените алги би можеле да имаат голема улога при внатрешното чистење на организмот.
       Aphanizomenon Flos Aquae е одлична храна и за конзумирање обично е сушена во прашкаста форма. AFA нуди комплетна содржина на витални супстанции и има значајна содржина на фикоцијанин. Алгите се сметаат за најдобар природен извор на витамин B12, од не - животинско потекло. Кламатската сино-зелена алга е храна богата со нутриенти од кои приближно 95% од нутриентите директно се искористуваат во човечкиот организам во иста форма. Диворастечките растенија имаат повисок капацитет за складирање на био - фотони отколку кај биолошки култивирани форми, а кај AFA алгите овој капацитет за био - фотони е највисок во однос на било која друга храна. Поради ова Aphanizomenon Flos Aquae (AFA) алгите можат да ја пренесат нивната виталност директно на човечкиот организам.
       Студиите за AFAалгите покажуваат дека тие ја подобруваат состојбата при дијабетес, хипогликемија, слаба меморија, недостиг на внимание, хроничен замор, висок холестерол, висок крвен притисок, со позитивни ефекти на имуниот систем, кожа, алергии, астма и депресија. Дел од силниот ефект на AFA алгата доаѓа од фактот што таа ги има сите потребни аминокиселини. Многу луѓе не се свесни за важноста на амино - киселините за одржување на правилно функционирање на секој систем од организмот. Без сите амино - киселини организмот не може да ги создава сите состојки што му се потребни и тогаш организмот се чувствува уморен. Друг фактор за регенерација од AFA алгата се концентрирани есенцијални масни киселини, кои се погодни за имунитетот, кардио - васкуларниот и нервниот систем.
       НАСА ги проучува алгите како можен хранлив извор за мисии во вселената.
Разбирливо е дека овие алги даваат така широк спектар од хранливи бенефиции почнувајќи од намалување на вишокот телесна тежина, до зголемување на меморијата, зајакнување на имунитетот и многу, многу повеќе. Сето тоа е резултат и во опсегот на асимилацијата и апсорпцијата.
Интересно е да се забележи дека Русите ги користеле алгите за третирање на пациентите изложени на радијација од Чернобилската нуклеарна хаварија.
       Сино-зелените алги ги содржат скоро сите витамини, богати се со амино-киселини, бета каротин, минерали и минерали во трагови како дневна потреба на организмот.
       AFA алгата е најбогат и најпознат природен извор на хлорофил кој му помага на организмот за клеточна регенерација и прочистување на крвта. Растителната енергија може да биде пренесена директно на црвените крвни клетки. AFA има висока содржина на витамини од B групата посебно на B2, B6 и B12. Содржината на витамин B12 во Aphanizomenon Flos Aquaeе скоро 700 пати поголема од истата во луцерката.
       Сино-зелените алги имаат многу поширок спектар на минерали од било кои други алги, пр. има преку 40 макро и микро минерали во хелатизирана и лесно приемлива форма за организмот. Алгите го метаболизираат молекуларниот кислород директно од воздухот и вршат биосинтеза на ниско - молекуларни пептидни групи кои постануваат прекурсори на неуротрансмитери (кои се користат во различни региони на мозокот) и телото, и иницираат секреција на хормони кои влијаат на метаболичките процеси. AFA е единствен извор на FEA (фенилетиламин - биоген амин). Ова соединение ја олеснува депресијата и го зголемува расположението, инаку природно се произведува во мозокот и е задолжено за чувствата на задоволство и умствена бистрина. Се создава во мозокот кога човекот чувствува љубов или радост. Затоа FEA се нарекува “ молекула на љубовта ”.
Сино - зелените алги се најбогат извор на бета каротин и други каротеноиди. Содржи многу биоактивни ензими, кои се всушност протеински молекули и ја помагаат дигестијата на храната и биохемиските процеси. Значајна е и содржината на поли-незаситени есенцијални масни киселини, комплексни јаглени хидрати.
       AFA алгата ги стимулира природните клетки убијци - дел од имуниот систем на организмот кои ги пронаоѓаат и уништуваат абнормалните клетки, вклучувајќи ги и вирусно инфицираните клетки.
       Ефекти од конзумирање на AFA алгите се: Зголемува енергија, издржливост и чувство на благосостојба, го зголемува менталниот фокус и концентрацијата, ја подобрува мозочната функција вклучувајќи ментална јаснотија и креативност, позитивно влијае на меморијата; го стимулира и зајакнува имуниот систем, ја регулира дигестијата, ја прочистува крвта, го регулира апетитот и телесната тежина, го одржува холестеролот на регуларно ниво, го балансира ендокриниот систем, поттикнува раст на цврсти нокти, мазна и нежна кожа и свиленкаста коса.
       Aphanizomenon Flos Aquae претставува “ супер храна ” што содржи повеќе хлорофил и протеини од било која друга храна, таа е храна на иднината.

КАРАКТЕРСТИЧЕН СОСТАВ НА AquaSource АЛГИТЕ
 

| За компанијата | Кламатско езеро | Општо за алгите  | За AFA алгата  |  Производи  | Порачки / ценовник |
 
| Информации плус 
|  Искуства  |  Можности | 
Станете Аквасорс дистрибутер  |  Новости  | 

|
Контакт  | Линкови | Почетна страна|


Дизајн Е.С. © 2001-2011. Елизабета Стајиќ ,  AquaSource - независен дистрибутер. Сите права задржани.
За коментар и прашања
контакт
За евентуални пропусти и грешки во сајтот, прашања или сугестии
E-mail

   
Klamatsko ezero    
Opsto za algite    
Za AFA algata    
Proizvodi    
Informacii plus
Iskustva    
Moznosti  
   
NovostiKontakt
   
 
 

Амино киселини

Витамини

Минерали

Есенцијални масни киселини

Ензими

Протеини, јаглени хидрати и протеини

AFA алга
(информации плус)

Пробиотици

Лесен почеток
(информации плус
)

Колктив
(информации плус
)

Суперантиоксиданс (информации плус)

CoQ10+хром+алги (информации плус)

Сино-зелени алги (AFA)

Колострум

Фото - П. Бараков

   

Аква Сорс консултант
за здравје

Елизабета Стајиќ
Аква Сорс
независен дистрибутер
дистрибутерски број
55000681
моб.: 070 918 448,
075 753 057
E-mail:
akvasors.algi@gmail.com
Skype: zdravje.ubavina

www.aquasourcealgi.8m.net