I N T E R N A T I O N A L


ЕНЕРГИЈА * АКЦИЈА * СЛОБОДА  


                                Najcesto postavuvani prasanja        

Za kompanijata  


( Извадок од месечниот билтен на Аква Сорс во Македонија од јануари 2001 година, билтен бр.11 )

Важност на аминокиселини и протеини
кај сино-зелените алги


 
График на споредба на ниво на амино-киселини во човечкиот организам и кај сино-зелената алга

                               АМИНО-КИСЕЛИНИ ВО 1g  AFA  АЛГИ

                     ЕСЕНЦИЈАЛНИ                     НЕЕСЕНЦИЈАЛНИ
ИЗОЛЕУЦИН                       28.7 mg АЛАНИН                                 47.8 mg
ЛЕУЦИН                            51.7 mg АСПАРГИНСКА КИСЕЛИНА           7.1 mg
ЛИЗИН                              34.8 mg ЦИСТИН                                  1.7 mg
МЕТИОНИН                          6.5 mg ГЛУТАМИНСКА КИСЕЛИНА          3.9 mg
ФЕНИЛАЛАНИН                   26.8 mg ГЛИЦИН                                 29.2 mg
ТРЕОНИН                           33.1 mg ПРОЛИН                                 29.6 mg
ТРИПТОФАН                        7.1 mg СЕРИН                                   28.3 mg
ВАЛИН                              32.8 mg ТИРОЗИН                               19.3 mg
                                                        ПОЛУЕСЕНЦИЈАЛНИ
АРГИНИН                           39.2 mg ХИСТИДИН                              8.7 mg

          Човечкиот организам е составен најмногу од вода. Како втора составна компонента се протеините. Протеините се составени од амино-киселини (АК-ни). Има 8 есенцијални и 14 неесенцијални АК-ни. Од овие 22 познати АК-ни се создаваат протеините. Посебно внимание сакам да Ви укажам на есенцијалните амино-киселини (ЕАК-ни), бидејќи тие не можат да се создадат во организмот како останатите и мора да се внесуваат преку храна или додатоци. Амино-киселината (АК) хистидин се смета за есенцијална само кај децата, односно полуесенцијална и мора да биде добиена преку исхраната во текот на детството и во периоди на растење. Исто така и полуесенцијалната АK аргинин е потребна во периоди на растење и врши стимулација на тимусната жлезда, потоа, во текот на бременоста, а можно и за време на стресот. Меѓутоа, помага и за зголемено согорување на масти ( губење на телесна тежина ). Изолеуцинот е ЕАК и најмногу делува на мускулите, особено редуцира тргање и тресење на мускулите. Леуцинот , како ЕАК е корисна за лекување на рани, важна е за растењето и како стимулирачки протеин синтетизиран во мускулите. Нејзиниот недостаток може да биде причина за хипогликемија кај децата поради биохемиска нефункционалност. Лизинот е ЕАК која е коцентрирана во мускулното ткиво и помага во апсорпција на калциум од интестиналниот тракт, за растење на коските и формирање на колаген, а колагенот е важен протеин на телото како основен матрикс на сврзувачките ткива, кожата, 'рскавицата и коските. Метаболизмот на лизинот зависи од витамините B6, B3, B2 и C и од железото и глутаминската киселина. Недостатокот предизвикува редуцирано растење и намалена отпорност и доведува до зголемување на уринарен калциум. Превентивно, може да помогне кај остеопороза преку подобра апсорпција и искористување на калциум. Метионинот е ЕАК која врши дополнителна надградба на масти во црниот дроб, превентивно помага кај проблеми на кожата и ноктите, заморот, алергија и претставува антиоксиданс. Треонинот е ЕАК и претставува значаен составен дел во многу човечки протеини и е неопходна за формирање на протеини на забната глеѓ, еластин и колаген. Помага при стрес и за растење. Фенилаланинот е ЕАК и помага кај проблеми со болки во вратот, остеоартритис, реуматоиден артритис, менструални грчеви и главоболки. Се користи во третман на депресија. Триптофанот е ЕАК и помага кај несоница, забоболки, болки од канцер, а L-триптофанот помага кај Паркинсонова болест, епилепсија и шизофренија. Позната е и како “антидепресант”. Валинот е ЕАК и нејзиното додавање може да помогне за изградба на мускули и за метаболизмот во црниот дроб.
      Неесенцијалните амино-киселини можат да бидат изградени од претходно внесените ЕАК-ни. Нивното дејство во човечкиот организам е слично на дејството на ЕАК-ни, но со малку зголемен спектар на дејствување. Бидејќи, проблемите со нарушување на здравјето се јавуваат поради пореметен метаболизам, а амино-киселините делуваат на негово балансирање, логично е дека тие се едни од главните компоненти во одржување на здравјето и лекувањето.
     Амино-киселините најмногу се содржат во протеинска храна - млеко и млечни производи, риба, месо, житарици, јајца, мешункасти плодови, соја итн.
      Протеините се неопходни во исхраната кај човекот и животинскиот свет, меѓутоа организмот има вистинска потреба за амино киселини - составни компоненти на протеините, кои имаат и важна улога при размена на материите. Вклучени се во метаболизмот и активност на жлездите. Амино киселините се прекурсори (претходници) на многу важни микромолекули како допамин, нор-епинефрин, серотонин и многу други супстанции неопходни за добра здравствена состојба, а исто така тие се и крајни продукти на метаболизмот на протеините.
      АК-те се неопходни за растење и клеточна репродукција во организмот. Неопходни се за ендокрина секреција, создавање на ензими, структурни компоненти и елементи на имуниот систем. Тие ги контролираат биохемиските патишта за секреција на хормони и ензими, и се најголем дел од составните компоненти на крвта, мускулите, кожата, внатрешните органи , потребни се за мозочната функција и активност на жлездите. Одредена функција на имуниот систем зависи од присуство на одредени амино-киселини. Со други зборови тие претставуваат “биохемиски прекинувачи” што го контролираат метаболизмот и функцијата на организмот.
      Горенаведените амино-киселини се содржат во Aphanizomenon Flos Aquae (AFA) алгите. Прикажаниот график укажува на тесната поврзаност на AFA алгите и амино-киселините од кој се гледа дека нивото на амино-киселините кај човекот и AFA алгата е приближно исто, а тоа значи исклучително лесна асимилација и воспоставување на баланс во организмот.
      За добро здравје конзумирајте AFA алги и бидете успешни во работата.

автор: Елизабета Стајиќ



   
Klamatsko ezero  
Opsto za algite  
Za AFA algata  
Proizvodi  
Informacii plus
Iskustva  
Moznosti
 
NovostiKontakt
 
 
 

Амино киселини

Витамини

Минерали

Есенцијални масни киселини

Ензими

Протеини, јаглени хидрати и протеини

AFA алга
(информации плус)

Пробиотици

Лесен почеток
(информации плус
)

Колктив
(информации плус
)

Суперантиоксиданс (информации плус)

CoQ10+хром+алги (информации плус)

Сино-зелени алги (AFA)

Колострум

Фото - П. Бараков

 

 

Аква Сорс консултант
за здравје

Елизабета Стајиќ
Аква Сорс
независен дистрибутер
дистрибутерски број
55000681
моб.: 070 918 448,
075 753 057
E-mail:
akvasors.algi@gmail.com
Skype: zdravje.ubavina

www.aquasourcealgi.8m.net

 

Во дистрибутивниот центар на Аква Сорс за зачленување и купување на производите
 повикајте се на
моето име и презиме
Елизабета Стајиќ
и дистрибутерски број
55000681

 

| За компанијата | Кламатско езеро | Општо за алгите  | За AFA алгата  |  Производи  | Порачки / ценовник |
 
| Информации плус 
|  Искуства  |  Можности | 
Станете Аквасорс дистрибутер  |  Новости  | 

|
Контакт  | Линкови | Почетна страна|


Дизајн Е.С. © 2001-2014. Елизабета Стајиќ ,  AquaSource - независен дистрибутер. Сите права задржани.
За коментар и прашања
контакт
За евентуални пропусти и грешки во сајтот, прашања или сугестии
E-mail