I N T E R N A T I O N A L


ЕНЕРГИЈА * АКЦИЈА * СЛОБОДА  


                                Najcesto postavuvani prasanja        

Za kompanijata    

( Извадок од месечниот билтен на Аква Сорс во Македонија од јуни 2001 година, билтен бр.16 )

ПРОТЕИНИ, ЈАГЛЕНО-ХИДРАТИ И ЛИПИДИ

      Протеинот е централен дел од изворите на енергијата на организмот што овозможува удвојување односно репликација и поправање на клетките, органите и органските системи. Во глобала крвта и лимфата се состои од главна порција протеини и креира природен имунитет овозможувајќи на организмот да препознава инвазивни страни клетки и вируси. Во еден од претходните написи веќе имавте можност да се запознаете со амино киселините и нивната улога во човечкиот организам. Повторно се осврнувам на нив поради фактот што протеините се изградени од амино киселини. Протеините се од животна важност во исхраната на човекот и животните. Нивното значење не е поради самите нив, туку поради тоа што се состојат од амино киселини. За да организмот може да го синтетизира протеинот и делотворно да го искористи потребно е да бидат присутни сите есенцијални амино-киселини, но во соодветен однос. Ако постои недостаток макар на една есенцијална амино-киселина може да влијае неповолно на синтеза на протеинот.
      Колагенот е еден од најважните протеини и претставува составен дел на сврзните ткива од кои што е изграден поголемиот дел од човечкиот организам. Внесувањето на потребните количини на протеините во организмот зависи од староста на организмот, телесната тежина и здравствената состојба. Просечно во организмот треба да се внесуваат протеини минимално околу 45g дневно.
      Јаглено-хидратите претставуваат основен извор на енергија, го помагаат варењето и асимилацијата на храната и дирекно го снабдуваат организмот со расположиви калории за енергија. Човекот и цицачите, при нормални услови повеќе конзумираат јагленохидрати. Нив најмногу ги има во житариците и компирот, како најпристапни растителни производи. Со јагленохидратите се задоволуваат најосновните енергетски потреби, важни за одржување и репродукција на организмот. Но, сепак, тие се главен снабдувач на организмот со енергија. Покрај скробот и шеќерот во храната има и други јагленохидрати како што се : гликоген, гликопротеини, целулоза и лактоза, која што е најважна кај новороденчињата. Додека трае процесот на варење на храната, скробот и шеќерот се разбиваат на гликоза - крвен шеќер. Крвниот шеќер ја обезбедува неопходната енергија на централниот нервен систем и на мозокот. Човечкиот организам не може да ја вари целулозата, бидејќи неговиот дигестивен тракт не лачи никаков ензим, што би бил способен да ја хидролизира. Во секојдневната исхрана, јагленохидратите ни се потребни за да му помогнат на најзначајниот протеин за изградба на ткивата, да не ја губи енергијата за времетраење на процесот на обновување на ткивата.
      Во дигестивниот тракт, јагленохидратите, пред да се апсорбираат се хидролизираат до моносахариди. Апсорпцијата, воглавно се одвива во средниот дел на тенкото црево. Доколку, во нашиот организам внесуваме поголеми количини од јагленохидрати отколку што може да бидат претворени во гликоген и гликоза, како последица на ова се создаваат мастите. Но, кога на организмот му е потребно повеќе гориво, следи обратен процес кога мастите повторно преминуваат во гликоза и како резултат на ова организмот губи на тежина. Гликогенот се таложи во црниот дроб и мускулите. Важно е да се напомене дека 1g јагленохидрати има 4 калории (
~17 Ј), но и 1g протеини има 4 калории (~17 Ј). Значи кога зборуваме за здравјето, јагленохидратите исто така се многу важни и не треба да се потценат во однос на другите хранливи состојки. Дневно се советува да се земаат минимално 50г од јагленохидрати, за да се избегне кисела состојба на крвта, која што може да настане како последица на користење на резервите од масти во организмот при процесот на создавање на енергија.
      Липидите (мастите) исто така претставуваат главна храна веднаш по јагленохидратите и се многу важен извор на енергија. 'Рбетниците, меѓу кои е и човекот и растенијата можат да складираат големи количества липиди кои што ќе им служат како енергетска резерва. Липидите имаат поголема калорична вредност (околу 37 KJ/g ) за разлика од гликогенот и скробот, бидејќи не содржат вода. 'Рбетниците половината од својата енергија ја добиваат со оксидација на масните киселини во црниот дроб, срцето, бубрезите и скелетните мускули во состојба на мирување. Само во мозочното ткиво не се врши оксидација на масни киселини, бидејќи гликозата се јавува како единствен извор на енергија. Најконцентрираните извори на енергија во организмот се снабдуваат од липидите. Тие функционираат како носачи на витамините A, D, E и K (липосолубилни витамини - растворливи во масти) и важни се за претворање на бета-каротинот во витамин A. Aphanizomenon Flos Aquae (AFA) - Кламатска сино-залена алга исто така содржи протеини, јагленохидрати и липиди. Липидите во AFA алгата се познати како глико-липиди, односно дека се составени од двете : шеќерни или липидни порции. Липидната половина е важна за транспорт на витамини и минерали преку крвно-мозочни бариери и исто така претставуваат имуни модулатори и стимулатори. Тие не се стероидални липиди (холестерол) во AFA алгата.
      ЗАКЛУЧОК: Иако има разидувања во мислењата за значењето на протеините, јагленохидратите и липидите, сепак тие се од голема важност за човечкиот организам, но многу е важно во кои количини се внесуваат во организмот и од каков извор. AFA алгата е фантастичен извор и ќе Ви даде енергија. ЈАДЕТЕ АЛГИ !

автор: Елизабета Стајиќ



   
Klamatsko ezero    
Opsto za algite    
Za AFA algata    
Proizvodi    
Informacii plus
Iskustva    
Moznosti  
   
NovostiKontakt
   
 
 

Амино киселини

Витамини

Минерали

Есенцијални масни киселини

Ензими

Протеини, јаглени хидрати и протеини

AFA алга
(информации плус)

Пробиотици

Лесен почеток
(информации плус
)

Колктив
(информации плус
)

Суперантиоксиданс (информации плус)

CoQ10+хром+алги (информации плус)

Сино-зелени алги (AFA)

Колострум

Фото - П. Бараков
 

   


Аква Сорс консултант
за здравје

Елизабета Стајиќ
Аква Сорс
независен дистрибутер
дистрибутерски број
55000681
тел/факс: 02/ 3224 456
моб.: 070 918 448,
075 753 057
E-mail:
akvasors.algi@gmail.com
Skype: zdravje.ubavina

www.aquasourcealgi.8m.net

 

 

 

 

 

 

 


 
 
| За компанијата | Кламатско езеро | Општо за алгите  | За AFA алгата  |  Производи  | Порачки / ценовник |
 
| Информации плус 
|  Искуства  |  Можности | 
Станете Аквасорс дистрибутер  |  Новости  | 

|
Контакт  | Линкови | Почетна страна|


Дизајн Е.С. © 2001-2014. Елизабета Стајиќ ,  AquaSource - независен дистрибутер. Сите права задржани.
За коментар и прашања
контакт
За евентуални пропусти и грешки во сајтот, прашања или сугестии
E-mail