I N T E R N A T I O N A L


ЕНЕРГИЈА * АКЦИЈА * СЛОБОДА


                                Najcesto postavuvani prasanja        

Za kompanijata    


Колострум
Светлана Стајиќ - проф. дипл. инж. биолог - Природа и здравје , бр.11, 2005

       Колострумот е безбеден, природен не - алергенски природен додаток на исхраната богат со компоненти за зајакнување на имунитетот и за заздравување. Тоа е специјална слабо жолтеникава течност што се лачи од млечните жлезди кај женските цицачи. Колострумот (исто така познат како прво млеко) е форма на млеко произведена од жлездите на цицачите во доцната бременост и првите часови по раѓањето. Богат е со нутриенти - претходник на млекото.
       Кравјиот колострум се добива од илјадници здрави крави кои се ослободени од антибиотици, пестициди и синтетски хормони, кои живеат, растат и се одгледуваат во еколошки чиста средина.
       Колострумот не е само извор на нутриенти такви како протеини, јаглени хидрати, масти, витамини и минерали, но исто така содржи неколку биолошки активни молекули основни за имунитетот на организмот и растежните функции. Содржи фактори за превенција од болести што ја зајакнуваат природната одбрана на организмот и помага во стимулирањето на обновата на ткивата.
       Регулирачките био - протеини што ги содржи колострумот ја нормализираат, регулираат и одржуваат нормална функција на организмот на било која возраст.
       Хуманиот и кравјиот колострум е жолтеникава течност, богата со јаглени хидрати, протеини и антитела, има слаба содржина на масти. Новороденчињата имаат слабо развиен дигестивен систем и колострумот ги доставува своите нутриенти во многу концентрирана ниско - волуменска форма.
       Има преку 90 познати компоненти што се пронајдени во колострумот. Примарните компоненти се поделени во две класи кои се најважни: имуни и растежни фактори. Овие фактори се идентични на истите во хуманиот колострум, но и четири пати позастапени во кравјиот отколку во хуманиот колострум. Имуните фактори обезбедуваат добар имунитет и заштита спрема инфекции во текот на првите недели од животот. Растежните фактори го стимулираат растот и развојот на новороденото. Колострумот содржи прецизен баланс на витамини, минерали и амино - киселини. Сите овие фактори функционираат заедно во подобрувањето и одржувањето на здравјето.
       Кравјиот колострум содржи специјални гликопротеини и инхибитори на протеаза, кои се посебно ефективни во заштитата на активните компоненти на колострумот од деструктивните сили на дигестивниот систем на човековиот организам.
       Колострумот содржи бројни антитела наречени “секреторен имуноглобулин” (IgA) што помага во заштитата на мукозните мембрани во грлото, белите дробови и цревата кај децата на помала возраст. Леукоцитите се исто така присутни во поголем број во организмот кај децата и тие ја започнуваат заштитата од штетни вируси и бактерии. Внесениот колострум исто така воспоставува нормална бактериска флора на корисни бактерии во дигестивниот тракт.
       Имуноглобулин G (IgG) е најзастапен со IgG1. IgG се смета за една од највредните компоненти во колострумот.
     Имуните фактори на колострумот се високо ефективни анти - бактериски и антивирусни агенси кои помагаат во намалување и елиминирање на инфекции од надворешни повреди (посекотини, изгореници, хируршки рани). Колострумот исто така содржи епителијален растечки фактор што го стимулира забрзаното заздравување и содржи јаки анти - инфламаторни агенси што ја елиминираат болката. Силните антибактериски фактори на колострумот покажале дека можат да помогнат во превенција и третирање на гингивитис.
       Колострумот е единствен извор на животни компоненти - имуни фактори и сите растечки фактори во организмот (хормоните), во перфектна комбинација, стимулирајќи ја масната утилизација за добивање на гориво на организмот и овозможувајќи оптимална клеточна репродукција во поглед против стареење.
       Колострумот е богат извор на неспецифични протеини такви како тимозин алфа 1 и B4, лактоферин, инсулин, инсулин растежен фактор, антистафилококен фактор и други. Овие протеини се важни во резистентноста на инфективни болести како и за други растежни и функции за стимулирање на ткивата. Колострумот е исто така извор на специфични протеини (имуноглобулини) кои пасивно се трансферираат од мајката на новороденото преку хранењето. Колострумот е природен најбогат извор на овие протеини, со ограничена временска продукција, но со исклучителна вредност.
       Колострумот со помош на GF фактори учествува во регенерација на срцевиот мускул, белодробното ткиво, црниот дроб и бубрезите. Подобрува нормално растење на остарени или повредени мускули, 'рскавица, учествува во обнова на колаген во кожата и нервното ткиво, накратко врши обнова на клеточно ниво. Во голема мера ја зголемува јакоста, енергијата и издржливоста.
       Други состојки присутни во колострумот:
     EGF фактор ја штити и одржува кожата.
     IGF1 & IGF2 фактори - IGF1 учествува во обновата на RNA и DNA. Овие фактори ја зголемуваат мускулната маса и го регулираат нивото на глукозата и холестеролот во крвта.
     PRP (Proline-rich Polypeptide) - различни типови на протеини што функционираат со тимусната жлезда и го регулираат имуниот систем.
     PDGF фактор - ја помага клеточната делба во сврзните ткива.
     TGF A & B фактори - ја стимулираат пролиферацијата на клетките во сврзните ткива и
     Цитокини - помагаат во зајакнување на активноста на Т - клетките и го регулираат имуниот одговор на рзлични стимуланси.
     Витамини и амино-киселини - колострумот содржи многу витамини и минерали. Помеѓу најважните се B витамини. Исто така има присуство од есенцијални и неесенцијални амино-киселини и антиоксиданси.
     Лизозими - го штитат организмот од бактериски инфекции.
     Лактоферин - има антивирусни, антибактериски и антиинфламаторни карактеристики, погоден за третман на пореметувања и заболувања - Candida albicans, инфекции со ХИВ и херпес вирус, хроничен замор.
       Најголем дел од експертите се сложуваат дека поголем број од заболувањата настануваат во гастроинтестиналниот тракт. Влезна врата на патогени вируси, бактерии, квасци и фунги можат да бидат носот, ушите, устата и можат да достигнат до цревата каде растат и се мултиплицираат причинувајќи различни заболувања.
       Кравјиот колострум го користи хуманата популација како хранлив додаток и е познат по своите ефективни својства за зајакнување на имунитетот.
Ниту најнапредната биотехнологија не би можела да се приближи кон она што Мајката Природа ни го дава во колострумот. Неговите имуни и растежни фактори се перфектни за одржување и зголемување на слабо развиена мускулна маса, за лекување на рани и поправање на 'рскавицата, подобрување на силата и издржливоста; и одбрана од штетни бактерии и вируси. Загадувањето, токсините, карциногените, пушењето, алкохолот и прекумерната употреба на антибиотици можат да доведат до намалување на имуниот одговор и настанување на болести. Колострумот може да помогне во обновата на способноста на организмот да функционира правилно и кај новородените и кај возрасните. Овој додаток е исто така ефективен и за домашните миленици.
       Колострумот е високо ефективен кој на организмот му овозможува бројни бенефиции со неговите бројни имуни фактори. Најинфективните микроорганизми - причинители на болести влегуваат во организмот преку мукозните мембрани на интестиналниот тракт. За да организмот остане здрав, мора да биде способен да се бори против организмите причинители на болести: бактерии, вируси, полутанти, контаминанти и алергени што постојано не напаѓаат. Клиничките истражувања на Dr. Dejvid Tirel, во Англија, во 1980 година покажале дека висок процент на антитела и имуноглобулини присутни во колострумот не се абсорбираат, но остануваат во интестиналниот тракт, каде ги напаѓаат организмите - причинители на болести, пред тие да успеат да пенетрираат во организмот и причинат заболувања. Се претпоставува дека останатиот дел се абсорбира и дистрибуира за да помогне на внатрешните одбрамбени процеси на организмот. Со ваква комбинација на дејство колострумот е единствен и ефективен како додаток во исхраната.
       Колострумот помага во балансирање на нивото на крвниот шеќер. Одржува внатрешна регулација на нивото на крвната глукоза и “мозочните супстанции” одржувајќи го вниманието и подобра концентрација. Дава ефекти против стареење: брчките се намалуваат, а кожата станува понежна и поеластична, ги намалува подочниците. Ја намалува телесната тежина - ги метаболизира и ги согорува мастите за добивање гориво за организмот, наместо од мускулното ткиво во време на брзи диети, и учествува во изградување и одржување на мускулите (без диета). Колострумот е познат како јак и ефективен комплетно природен антибиотик без некакви непожелни споредни ефекти. Тој исто така помага во елиминирањето на депресијата, со помош на мозочните био - материи (серотонин и допамин) кои го регулират расположението.
       Кај корисниците колострумот има покажани позитивни ефекти кај проблеми со астма, заболени синуси, алергиски реакци, изгореници, инфекции на увото, мултипла склероза, дијабетес, улцеративен колитис, депресија, канцерогени промени, инфекции.
       По завршетокот на пубертетот се намалува продукцијата на растежните хормони, кои се неопходни за нормална репродукција на сите ткива во организмот. Покажано е дека на возраст од околу 80 години нема продукција на растежни хормони и така организмот старее и склон е на умирање. “The New England Journal of Medicine” пред неколку години издаде статија во која се вели дека најефективен процес против стареење може да се постигне со надомест на растежни фактори кои во одредени количини може да го намалат, можно е да го запрат и дури да го свртат во обратен правец процесот на стареење. А дали тоа навистина функционира можете да го дознаете ако го пробате колострумот и ќе ги видите резултатите.
       Научните студии покажуваат дека кравјиот колострум е комплетно компатибилен со хуманиот систем, без присуство на токсични фактори или интеракции со природната биохемија на човечкиот организам. Колострумот е најприродна и најздрава храна со која можете да го снабдите Вашиот организам за обнова и зајакнување на Вашиот имун систем и процесот на стареење да го насочите кон подмладување. Колострумот е комплетно природен и не постојат несакани ефекти при употреба на било која поголема или помала доза. Можете да го користите во количина колку Вие сакате, а едноставно нешто што можете да го добиете се позитивните ефекти за Вашиот организам - не е важно колку сте стари или млади.
 

| За компанијата | Кламатско езеро | Општо за алгите  | За AFA алгата  |  Производи  | Порачки / ценовник |
 
| Информации плус 
|  Искуства  |  Можности | 
Станете Аквасорс дистрибутер  |  Новости  | 

|
Контакт  | Линкови | Почетна страна|


Дизајн Е.С. © 2001-2011. Елизабета Стајиќ ,  AquaSource - независен дистрибутер. Сите права задржани.
За коментар и прашања
контакт
За евентуални пропусти и грешки во сајтот, прашања или сугестии
E-mail

   
Klamatsko ezero    
Opsto za algite    
Za AFA algata    
Proizvodi    
Informacii plus
Iskustva    
Moznosti  
   
NovostiKontakt
   
 
 

Амино киселини

Витамини

Минерали

Есенцијални масни киселини

Ензими

Протеини, јаглени хидрати и протеини

AFA алга
(информации плус)

Пробиотици

Лесен почеток
(информации плус
)

Колктив
(информации плус
)

Суперантиоксиданс (информации плус)

CoQ10+хром+алги (информации плус)

Сино-зелени алги (AFA)

Колострум

Фото - П. Бараков

   

Аква Сорс консултант
за здравје

Елизабета Стајиќ
Аква Сорс
независен дистрибутер
дистрибутерски број
55000681
моб.: 070 918 448,
075 753 057
E-mail:
akvasors.algi@gmail.com
Skype: zdravje.ubavina

www.aquasourcealgi.8m.net