I N T E R N A T I O N A L


ЕНЕРГИЈА * АКЦИЈА * СЛОБОДА


                                Najcesto postavuvani prasanja        

Za kompanijata    

( Извадок од месечниот билтен на Аква Сорс во Македонија од мај 2001 година, билтен бр.15 )

ЕНЗИМИТЕ И НИВНАТА УЛОГА ВО ЧОВЕЧКИОТ ОРГАНИЗАМ

      Ензимите се енергизирани протеински молекули изградени од десет или дваесет илјади атоми, многу се важни за животот и здравјето на организмот и ги катализираат и регулираат скоро сите биохемиски реакции во организмот. Во еден човечки организам може да има и околу педесет илјади различни видови на ензими. Нивната ензимска активност е строго специфична, така да често може да забрзаат само една или неколку сродни биохемиски реакции. Неопходни се за варење на храната, бидејќи имаат улога да ги ослободат витамините, минералите и амино-киселините од неа, а тие извршувајќи ја нивната задача допринесуваат за да не одржат во животот и да бидеме здрави.
      Како човечкиот организам старее, така повеќе се јавуваат проблеми со апсорпција на хранливите материи. Смалување на лачењето на желудочната киселина и ензими за варење значи послаба апсорпција на железото и протеините. Од друга страна, молибденот како минерал е важен дел од ензимите кој го регулира искористувањето на железото, а пак цинкот делува во одржувањето на ензимските системи и клетките.
      Еден истражувач рекол :
Некои лекови делуваат како неутрализатори на тој начин што ја попречуваат апсорпцијата на хранливите состојки во системот за варење. Тие со сигурност може да ја изменат микроскопската структура на цревните ресички со кои тенкото црево е обложено во внатрешноста. Тоа, пак, може да ги уништи ензимите кои ресичките ги произведуваат во нормални услови за да би ги разложиле и апсорбирале хранливите состојки.
      Во глобала можеме да издвоиме три типа на ензими, од кои метаболичките и дигестивните нашиот организам природно ги произведува, додека ензимите од храната може да бидат внесени само орално. Последниот тип на ензими најдобро е да се добиваат од непреработено или неварено овошје, зеленчук, риби, јајца и месо. Сепак, треба многу да внимаваме на храната која ја конзумираме, како ја приготвуваме, затоа што ензимите се уништуваат под одредени топлотни услови. Секој ензим е посебна приказна за себе, бидејќи делува на посебен вид на храна и ниеден од нив не може да го замени другиот. Ако недостасува барем еден ензим, доаѓа до нарушување на хармоничното функционирање на ензимскиот систем и како последица на ова настапуваат болестите.
Метаболичките ензими ја забрзуваат хемиската реакција помеѓу клетките за детоксикација и продукција на енергија. Тие ни овозможуваат да гледаме, чувствуваме, слушаме, да се движиме и мислиме. Секоја од 100 трилиони клетки во нашиот организам, секој орган и ткиво зависат од реакцијата на метаболичките ензими, познати како енергетски ензими. Метаболичките ензими се продуцирани од црниот дроб, панкреасот, жолчната кесичка и другите органи.
      Сино-зелената алга Aphanizomenon Flos Aquae (AFA), исклучително е богата со метаболички ензими.
      Ензимите од храната делуваат синергистички со дигестивните ензими во организмот за да ги издвојат хранливите материи, односно ја претвораат храната која ја јадеме во енергија и ја ослободуваат оваа енергија за користење во организмот. Со делувањето на дигестивните ензими, молекулите на протеините од храната се разградуваат во аминокиселини.
      Дигестивните ензими се излачуваат низ целиот дигестивен тракт и имаат улога да ја разградат храната во хранливи материи и отпаден материјал. Човечките дигестивни ензими се: пепсин, птијалин, трипсин, липаза, протеаза и амилаза. Паразитите и бактериите се составени од протеини и обвивката што го штити вирусот во нашите организми е всушност протеинска обвивка. Факт е дека ензимот протеаза ги разградува протеините и ако имаме “протеински напаѓачи” во нашиот крвен систем , тој ќе ни ја прочисти крвта од истите. Од друга страна, ензимот липаза ги разградува мастите, амилаза го разградува скробот итн. Интересно е да се напомене дека ензимите делуваат на отстранувањето на вишокот на килограми. Многу луѓе кои имаат прекумерна тежина имаат метаболички дисбаланс, а тоа се разбира влијае на нивното здравје.
      Како и да е, хранливите материи во организмот може да бидат ослободени само со помош на ензимскиот ослободувачки систем. Кога ова не е постигнато ние постануваме изнемоштени и помалку способни да размислуваме трезвено. Исто така, снабдувањето со ензими е апсолутно важно за зачувување на младешки изглед на кожата и нејзиното здравје. Циркулацијата полека забавува додека старееме и затоа ни се потребни додатоци (суплементи) што содржат ензими.
      РЕЗИМЕ: Ензимите ја варат храната, ги ослободуваат хранливите материи, ги отстрануваат токсичните отпадни материи, ја прочистуваат крвта, ги разнесуваат хранливите материи и го јакнат ендокриниот систем, ги урамнотежуваат нивоите на холестерол и триглицериди, го хранат мозокот. Сето ова допринесува за јакнење на имуниот систем.
      Без разлика дали некој е здрав или болен, млад или стар, секој треба да користи додатоци со ензими, бидејќи реалните услови на живеење и процесот на стареење си го прават своето.
      Затоа користете ги ензимските додатоци и извонредните AFA алги со врвен квалитет што Ви ги нуди компанијата AQUASOURCE и сами истрасирајте си го патот до поубав и здрав живот.

автор: Елизабета Стајиќ



   
Klamatsko ezero    
Opsto za algite    
Za AFA algata    
Proizvodi    
Informacii plus
Iskustva    
Moznosti  
   
NovostiKontakt
   
 
 

Амино киселини

Витамини

Минерали

Есенцијални масни киселини

Ензими

Протеини, јаглени хидрати и протеини

AFA алга
(информации плус)

Пробиотици

Лесен почеток
(информации плус
)

Колктив
(информации плус
)

Суперантиоксиданс (информации плус)

CoQ10+хром+алги (информации плус)

Сино-зелени алги (AFA)

Колострум

Фото - П. Бараков
 

   


Аква Сорс консултант за здравје

Елизабета Стајиќ
Аква Сорс
независен дистрибутер
дистрибутерски број
55000681
моб.: 070 918 448,
075 753 057
E-mail:
akvasors.algi@gmail.com
Skype: zdravje.ubavina

www.aquasourcealgi.8m.net

 

 

 

 

 

 

 


 
 

| За компанијата | Кламатско езеро | Општо за алгите  | За AFA алгата  |  Производи  | Порачки / ценовник |
 
| Информации плус 
|  Искуства  |  Можности | 
Станете Аквасорс дистрибутер  |  Новости  | 

|
Контакт  | Линкови | Почетна страна|


Дизајн Е.С. © 2001-2014. Елизабета Стајиќ ,  AquaSource - независен дистрибутер. Сите права задржани.
За коментар и прашања
контакт
За евентуални пропусти и грешки во сајтот, прашања или сугестии
E-mail