I N T E R N A T I O N A L


ЕНЕРГИЈА * АКЦИЈА * СЛОБОДА  


                                Najcesto postavuvani prasanja        

Za kompanijata    


( Извадок од месечниот билтен на Аква Сорс во Македонија од февруари 2001 година, билтен бр.12 )

ВАЖНОСТ НА ВИТАМИНИТЕ КАЈ AFA АЛГИТЕ

                                   Витамини во AFA алги
      Хидросолубилни витамини        Липосолубилни витамини
АСКОРБИНСКА КИСЕЛИНА   (C ) БЕТА КАРОТИН ( ПРО-ВИТАМИН A )
ТИАМИН  ( B1 ) ВИТАМИН E
РИБОФЛАВИН  ( B2 )  
НИАЦИН  ( B3 )  
ПАНТОТЕНСКА КИСЕЛИНА   ( B5 )  
ПИРИДОКСИН  ( B6 )  
КОБАЛАМИН  ( B12 )  
ФОЛНА КИСЕЛИНА  

          Витамините се органски соединенија со различна хемиска природа кои животинскиот и човечкиот организам не може да ги синтетизира, а треба да ги набави преку храната. Потребата на човечкиот организам се покрива со сосема мали количества, но постојаното количество во крвотокот е безусловно неопходно за нормалното протекување на многу биохемиски процеси и за одржувањето на нормални физиолошки функции на ткивата и органите. Недостатокот води до лесно изразени патолошки состојби на организмот со нарушување на функции на нервниот систем и други пореметувања. Постојат две поделби на витамините - хидросолубилни (растворливи во вода) и липосолубилни (растворливи во масти). Во групата на хидросолубилни витамини спаѓаат витамините : B-Complex, C, P, T и U, а во групата на липосолубилни витамини спаѓаат витамините : A, D, E, F и K.
      
Про-витаминот A е нетоксичен за разлика од витаминот А (ако се внесе во преголеми количини) и претставува негов прекурсор (претходник). Про-витаминот А најопшто е познат како бета каротин, но алфа и гама каротин исто така се продавани како про-витамин А . Студиите покажуваат дека луѓето кои користеле овошје и зеленчук обогатени со бета каротин помалку заболувале од канцер и срцеви заболувања. Бета каротинот е антиоксидант. Тој исто така го неутрализира дејството на слободте радикали во телото. Значајни истражувања се направени на витаминот A и бета каротинот и нивното дејство на епителен канцер, канцер на бели дробови, гастроинтестиналниот тракт и генито-уринарен тракт. Каротините се растителни пигменти кои ја штитат растителната клетка од уништување во текот на процесот на фотосинтеза со учество како моќни антиоксиданси. Околу 30 од 400 такви каротини способни се да бидат претворени во витамин A од човековото тело. Значи, повисока квота на каротини, пониска распространетост на канцер. Бета каротинот покажал силна стимулаторна акција на интерферонот на имуниот систем. Каротините се подобри антиоксиданси од витаминот A и така тие може да бидат поповолни во заштитување на тимусната жлезда, бидејќи тимусната жлезда е особено подложна на слободни радикали и оксидативна штета. Студијата што е направена со тестирање на здрави и нормални доброволци со орално внесен бета каротин (180mg/дневно) 300,000 IE покажала дека доаѓа до значително зголемена фреквенција на помошни Т клетки од 30% после 7 дена и сите Т клетки после 14 дена. Т клетки се клетки на имуниот систем. Орално внесените бета каротини исто така може да бидат корисни за зголемување на анти-туморен имунитет кај пациенти со канцер. Делумно добри извори на каротини ги вклучуваат сите зелено-листести зеленчуци, обоени корени на зеленчуци како што се моркови, сладок компир, кајсија, дињи, брокола и тиква. Само да напоменам дека во 1g AFA алги се содржат 177 mg бета каротин.
     
Витаминот E претставува активен антиоксиданс и ја спречува оксидацијата на витаминотА, селенот и др.
     
Витаминот C е антиоксиданс. Ја олеснува апсорпцијата на железото во организмот, спречува појава на старечки пеги и ги избледува постоечките, го потпомага снижувањето на холестерол во крвта, ја зголемува природната заштита на организмот, а првенствено помага за создавање на колаген - протеин кој дава еластичност на ткивата.
      
Витаминот B1 е неопходен за метаболизмот на јагленохидрати, како и за претворање на шеќери во енергија. Има благо диуретично дејство и ја подобрува духовната состојба.
    
Витаминот B2 има значајна улога за апсорбирање на протеини, масти и јагленохидрати. Неопходен е во процеси кои овозможуваат на организмот да ја користи енергијата добиена по пат на исхрана.
    
  Витаминот B3 е значаен за синтеза на сексуални хормони (естроген, прогестерон, тестостерон), како и кортизон, тироксин и инсулин. Неопходен е за здрава состојба на нервниот систем и функционирање на мозокот.
      
Витаминот B5 е значаен за сите витални функции во организмот, неопходен е за работа на надбубрежна жлезда и имуниот систем, учествува во создавање на антитела и штити од инфекции, лекува постоперативен шок, спречува замор, го потпомага зацелувањето на раните. Поради пантенолот што го содржи во себе, обезбедува влажност на кожата, ги јакне косата и ноктите и штити од штетното дејство на УВ-зрачење.
      
Витаминот B6 го поттикнува метаболизмот на протеини, нормализира лачење на масти на кожата на лицето, се користи за лечење на себореја и пубертетски акни, го олеснува дишењето кај асматичари.
     
 Витаминот B12 е неопходен за правилен раст како и за правилна работа на нервниот систем, има значајна улога во процесот на репродукција и во создавање на црвени крвни зрнца, го зголемува апетитот кај децата, подобрува концентрација, помнење и рамнотежа.
     
Фолната киселина ја подобрува лактацијата на млекото, значајна е за делба на телесните клетки, спречува анемија.
      
НАПОМЕНА: Обрнете најмногу внимание на бета каротинот, витамините B5, B12 и витаминот C, бидејќи нивната концентрација во 1g AFA алги најмногу одговара на дневните потреби на еден човечки организам.
       
Искористете го делотворното дејство на витамините што Ви го нуди AFA алгата.

автор: Елизабета Стајиќ



   
Klamatsko ezero    
Opsto za algite    
Za AFA algata    
Proizvodi    
Informacii plus
Iskustva    
Moznosti  
   
NovostiKontakt
   
 
 

Амино киселини

Витамини

Минерали

Есенцијални масни киселини

Ензими

Протеини, јаглени хидрати и протеини

AFA алга
(информации плус)

Пробиотици

Лесен почеток
(информации плус
)

Колктив
(информации плус
)

Суперантиоксиданс (информации плус)

CoQ10+хром+алги (информации плус)

Сино-зелени алги (AFA)

Колострум

Фото - П. Бараков
 

   

 

Аква Сорс консултант за здравје

Елизабета Стајиќ
Аква Сорс
независен дистрибутер
дистрибутерски број
55000681
моб.: 070 918 448,
075 753 057
E-mail:
akvasors.algi@gmail.com
Skype: zdravje.ubavina

www.aquasourcealgi.8m.net

 

 

 

 

 

 

 


 
 

| За компанијата | Кламатско езеро | Општо за алгите  | За AFA алгата  |  Производи  | Порачки / ценовник |
 
| Информации плус 
|  Искуства  |  Можности | 
Станете Аквасорс дистрибутер  |  Новости  | 

|
Контакт  | Линкови | Почетна страна|


Дизајн Е.С. © 2001-2014. Елизабета Стајиќ ,  AquaSource - независен дистрибутер. Сите права задржани.
За коментар и прашања
контакт
За евентуални пропусти и грешки во сајтот, прашања или сугестии
E-mail