Sunset1.jpg
I N T E R N A T I O N A L

  
 
ЕНЕРГИЈА  * АКЦИЈА * СЛОБОДА

                                    Najcesto postavuvani prasanja
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
            АЛГАТА  Aphanizomenon  Flos  Aquae  И НЕЈЗИНОТО  
                ДЕЈСТВО НА ЗДРАВЈЕТО НА ЧОВЕКОТ
 


      

     

  Aphanizomenon Flos Aquae (AFA) е сино-зелена микроалга од видот цијанобактерија. Таа е древна билка, бидејќи од самото нејзино настанување не претрпела измени. Како дива саморастечка алга опстанува во прастарото вулканско езеро во Горен Кламат (Орегон - САД).
  Жнеењето на алгите најмногу се одвива во летото, поточно од месец јуни до ноември. Се сушат на ниска температура околу 30
°C (специјална патентирана постапка што го гарантира квалитетот на производите). Ова се прави со цел да се зачуваат биолошки активните состојки во самата алга, исто како да е свежа. Ако процесот на сушење би се одвивал на многу ниски или многу високи температури, тие состојки би се уништиле.
  Сигурно се прашувате кои се тие биолошки активни состојки во алгата што се толку значајни за нашето здравје?
  Тоа се
амино киселините (есенцијални - ги содржи сите и неесенцијални), чиј профил е многу сличен како кај човекот, природни хелатизирани минерали во трага, витамини, меѓу кои се издвојува витаминот Б12, бета каротин, протеини, есенцијални масни киселини, јаглени хидрати, липиди, ензими, хлорофил.
  Оваа алга претставува најбогат извор на хлорофил, витамин
Б12 и протеин (60%), за разлика од било која друга храна на Земјата. Само да напоменам дека оваа алга е храна, а не додаток на исхраната. AFA директно ја користи сончевата енергија, повеќе од било која друга природна храна. Позната е уште под името "храна на мозокот", поради содржината на амино киселините, есенцијалните масни киселини, витамините од групата Б и липидите.
  Многу е важен фактот што активните био-состојки од оваа алга во организмот се асимилираат (искористуваат) дури 98%. Во храната што вообичаено ја јадеме, или претходно сме ги уништиле активните био-состојки (колку и да ги содржи) со пржење или варење, а и процентот на асимилирање е многу мал. Всушност, нашиот организам природно ги содржи тие активни био-состојки кои најчесто ги внесуваме преку исхраната за да го одржиме нивниот баланс што ни е потребен за зачувување на нашето здравје. Секое нарушување на тој баланс повлекува настанување на одредени болести во организмот. AFA не содржи холестерол.

       
Го зајакнува имуниот систем, го подобрува варењето, асимилацијата на хранливите состојки и елиминација на отпадните материи, го регулира апетитот и ја нормализира телесната тежина, го намалува нивото на холестерол во крвта, ја подобрува меморијата, концентрацијата, овозможува ментална бистрина, редуцира стрес и воземиреност, го подобрува квалитетот на косата, кожата и ноктите, а пред се, дава енергија и ја зголемува виталноста и издржливоста на организмот.
За подетални информации види:
информации плус.
             
      

   

               

                 

ЈАДЕТЕ АЛГИ

СЕКОЈ ДЕН,

БИДЕТЕ

ЗДРАВИ

И

УЖИВАЈТЕ

ВО

УБАВИНИТЕ

НА

ЖИВОТОТ

            

 

         

 

 

 

 


 



 

 

 

 

 

 

 



 

 

 

 

 За компанијата | Кламатско езеро | Општо за алгите  | За AFA алгата  |  Производи  | Порачки / ценовник |
 
| Информации плус 
|  Искуства  |  Можности | 
Станете Аквасорс дистрибутер  |  Новости  | 

|
Контакт  | Линкови | Почетна страна|


Дизајн Е.С. © 2001-2011. Елизабета Стајиќ ,  AquaSource - независен дистрибутер. Сите права задржани.
За коментар и прашања
контакт
За евентуални пропусти и грешки во сајтот, прашања или сугестии
E-mail