AquaSource Алги во
течност
Со екстракт од црна и црвена боровинка
AquaSource Алгите во течност
сега се достапни во нова и подобрена формула од алги, црна и
црвена боровинка и траги од течни минерали кои природно се
наоѓаат во хумусни наслаги во одобрената Kosher вегетабилна
глицеринска база.
Нашите нови течни алги сега содржат повеќе AquaSource алги во
секоја капка, за да Ви овозможиме да добиете повеќе од течната
виталност на Кламат како секојдневна добра храна. Ги подобривме
и трајноста и стабилноста по отворањето на шишенцето. Секако,
нема никакви хемиски конзерванси.
Отсега со екстракт од црна и црвена боровинка
Црвената боровинка е позната како едно од најбогатите
овошја на планетава со хранливи состојки. Современите научни
истражувања покажуваат дека црвените боровинки содржат значајна
количина на антиоксиданти и други фитонутриенти кои можат да
помогнат во заштитата од слободните радикали кои, кога се
присутни прекумерно во телото, можат да ги оштетат клетките и
ткивата.
Црната боровинка содржи високи концентрации на
танин заедно со флавоноидни соедниненија кои се компоненти на
растенијата и обете поседуваат извонредни
антиоксидантни својства, кои помагаат да се
неутрализираат штетните слободни радикали.
Се смета дека боровинката игра улога во одржување на здравјето
на крвните садови. Антиоксидантните соединенија кои ги содржи
боровинката помагаат во одржување на еластичноста на ѕидовите на
крвните садови, обезбедувајќи добра циркулација и ефикасен
проток на крв.
Упатство:
Земајте една пипета двапати дневно. Може да се меша со овошен
сок.