AquaSource Green Energy (Зелена енергија) е универзална храна за клетките и претставува синергистичка комбинација (одделните состојки меѓусебно се надополнуваат и ги засилуваат ефектите) од АкваСорс АФА алги, хавајска спирулина и органска био луцерка (алфалфа) како едни од најважните хранливи и корисни суперхрани на планетата. Овој уникатен спој е вистински еликсир погоден за секој човек и за сите возрасти со цел превенција и одржување на добро здравје, самодоверба, зголемена виталност, подобрување на имунитетот, работоспособноста и енергијата.
Произведен е во комбинација од два вида на алги и едно растение. Тука спаѓаат извонредните AFA
(Aphanizomenon flos aquae) алги со неспоредлив состав од био-активни компоненти, хавајска спирулина и органска луцерка (Alfalfa).
1. АкваСорс АФА алги - AFA (Aphanizomenon Flos Aquae) се еликсир за мозокот. Тие потекнуваат од чистите води на слатководното езеро Кламат во Орегон, Сад (уникатен екосистем) и се диво саморастечки алги .
АФА алги - едно од најинтересните својства на AFA (Aphanizomenon Flos Aquae) е единствен и благотворен ефект врз нервниот систем, мозокот и психата, како и способноста и да ја регулира активноста на невро-ендокрините структури. Помага за надминување на стресот, различни видови депресии, отстранува ендокрини абнормалности, ја подобрува јасноста на умот и можноста за долготрајна концентрација, стимулирање на невро-менталниот развој.
2. Органска луцерка
Оваа билка позната е и под името алфалфа како ја нарекле Арапите, што всушност значи "татко на сите храни". Нејзините корени продираат длабоко во земјата од 20-30 метри и на тој начин ја црпат енергијата од земјата. Таа е шампион по содржина на минерали, протеини и хлорофил, но на прво место се незаменливите АФА алги кои содржат најмногу хлорофил. Особено е богата со железо, хлорофил и амино киселина L-канаванин. Покрај ова уште содржи витамини и минерали неопходни за нормално функционирање на организмот, а некои од нив се магнезиум, калциум, бакар, фосфор, бета каротин, витамини од Б групата, калиум...
Во традиционална медицина луцерка се користи за болести на цревата, стомакот, тироидната жлезда, го подобрува метаболизмот и ја зголемува лактацијата, односно ја зголемува количината на млеко кај доилките, како и за нормализирање на состојбата на циркулаторниот систем, намалување на холестеролот, намалување на шеќерот во крвта, зголемување на нивото на хемоглобинот во крвта. Луцерката се препорачува како додаток во исхраната, бидејќи помага за спречување на анемија, рак (ги врзува канцерогените клетки од дебелото црево и ги елиминира надвор од организмот), атеросклероза, зајакнување на коските, дијабетес, исцрпеност, артритис, алергии, срцеви заболувања, болка во мочниот меур, на црниот дроб, бубрезите, слезината, очите, како и при физичка изнемоштеност и зголемен замор. Исто така го поттикнува апетитот и пробавата, ја зголемува издржливоста и виталноста, го чисти организмот, го алкализира телото, ја подобрува крвната слика, детоксицира, ги чисти крвните садови, го подобрува расположението и самодовербата, штити од предвремено стареење. Помага и во регулација на холестеролот и ги храи црниот дроб, бубрезите и мускулите. Има благотворно дејство кај реуматските проблеми. Кај бремените жени ја подобрува апсорпцијата на храна и прехрана на фетусот.
Оваа извонредна билка со својот богат состав има анти-туморн, анти-бактериски и анти-вирусни дејства.
3. Хавајска спирулина - најдобрата достапна
спирулина, бидејќи се произведува на природен начин и расте во
идеални климатски услови на Хаваите, тестирана е за чистота, со
гаранција за висок квалитет и хранлива вредност.
Со години Зелената енергија е еден од најдобро продаваните
производи на AquaSource заради синергетската комбинација на овие
три хранливи состојки.
Овој производ во капсули, засега е без конкуренција на денешниот пазар и идеален е за почеток на секој ден да ни го зајакне организмот, бидејќи живееме динамичен живот исполнет со стрес. Воедно ни ги задоволува потребите на организмот од природни хранливи материи и лошата исхрана карактеристична за современиот начин на живеење.
За разлика од другите произведувачи, нашата AquaSource алга
никогаш не е замрзнувана и никогаш не е изложувана на високи
температури како во повеќето други процеси на сушење.
Сопствениот AquaSource BioActive Dehydration® process
(Биоактивниот процес на дехидрирање) обезбедува максимум
нутритивна вредност.
AFA
алги помагаат за:
зголемување на енергијата
подобрување на менталната способност
подобра издржливост
нормализирање на метаболизмот на
јаглени хидрати
снабдување на организмот со хранливи материи (храна) и др.
Спирулина помага за :
намалување на ниво на
LDL (лош)
холестерол
намалување или регулирање на нивои на
шеќер во крвта
детоксикација
јакнење на имунитетот
снабдување на организмот со хранливи
материи (храна) и др.
Органска луцерка помага кај :
проблеми со дијабетес
проблеми со тироидни заболувања
проблеми со артритис
проблеми во менопауза
проблеми со дигестивниот систем
Најмногу овој производ се користи во периоди од годината кога има најголем број на болни од грип. Кај нив за многу кратко време покажува резултати.
Упатство:
Земајте три капсули Зелена енергија дневно за да му помогнете на
организмот да опстане во денешниот свет на зголемени потреби.